Денес ќе биде облачно – студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег.
Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. И по Повардарието врнежите ќе бидат од дожд – влажен снег и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка.
Поради силниот ветер од над 70 км/час ќе има услови за појава на снежни наноси. Утринската температура ќе биде од минус три до пет а дневната од минус еден до осум степени.
Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу еден а дневната ќе достигне до пет степени.
You must be logged in to post a comment Login