Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутиереш изјави во Њујорк дека во јули ќе присиствува на комеморацијата во Сребреница кога ќе се одбележува 25-годишнината од злосторството.
Да – ќе одам. Мислам дека е значајно да се отиде и да се покаже потребата Сребреница никогаш повеќе да не се повтори.
Со загриженост ги гледаме случувањата во Босна и Херцеговина и мислиме дека мораме да тргнеме во правец на помирување и да се бориме против говорот на омраза. – рече Гутиереш одговарајќи на прашање на прес конференција во ОН на која зборуваше за плановите за 2020 година.
Генералниот секретар на ОН наведе и дека неговата екипа веќе е во контакт со властите во Босна и Херцеговина во врска со организацијата на настанот.
You must be logged in to post a comment Login