Законот за ЈО сеуште без решение

Разликите меѓу власта и опозицијата во врска со Предлог законот за јавното обвинителство се продлабочуваат.

ВМРО ДПМНЕ која досега беше дел од работните групи повикува експерти да го подготват законот врз урнек на искажаните ставови на јавната расправа минатата недела.

Христијан Мицкоски предложи шест имиња на професори барајќи од власта да го стори истото. Доколку Собранието не се распушти на 12 февруари поради недонесувањето на овој закон опозицијата ќе предложи тоа да се распушти.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека власта работи на обезбедување на двотретинско мнозинство и ги повика страните да најдат консензус за прашања од национален интерес.

Сепак Спасовски не очекува одложување на датумот на изборите.

Од Министерството за правда соопштија дека консултациите за обезбедување на двотретинско мнозинство во Парламентот се во тек. Иако законот се очекуваше да биде предложен до Владата денес од Министерството за правда соопштија дека сепак ќе чекаат ВМРО ДПМНЕ да ги предложи своите амандмани во предлог текстот.

Претходно претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека распуштањето на Собранието може да се одложи доколку не се донесе Законот за јавното обвинителство и протоколот за НАТО.

Тој додаде дека тоа не значи и одложување на изборите на 12 април бидејќи Уставот дозволува Собранието да се распушти од 45 до 60 денови пред изборите. Но ваквиот предлог на Заев веќе го отфрли претседателот на Собранието Талат Џафери, кој рече дека е спремен и самиот како пратеник да иницира распуштање на Собранието на 12 февруари.

За потребата да се донесе законот осумте независни пратеници на ВМРО ДПМНЕ се состанаа и со американската амбасадорка Кејт Мери Брнс.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР