И Грција блокирана од снегот

Основните и средните училишта во грчкиот град Лерин денес се затворени поради снегот и лошите временски услови додека пак на островот Крит поради силен ветер имаше проблеми во авио сообраќајот.

Студениот бран што ја зафати Грција создаде помали проблеми во морскиот и авио сообраќајот а донесе снег на планините и во дел од градовите во северниот дел на земја.

Во Лерин со одлука на градоначалникот поради снегот и лошото време основните и средните училишта денес се затворени а работат само градинките.

Поради силниот ветер авион од Атина наместо во градот Ираклио на Крит утрово слета во друг град на островот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР