Кафе во корнет? Зошто да не!

Кафето еден од најпосакуваните пијалаци во текот на денот посебно наутро заради неговото дејство врз организмот. Најголемото задоволство е со првата голтка. Но замислете вашето омилено кафе да биде послужено на необичен начин – во корнет.

Инстаграм не запозна со некои од најдобрите и најчудните трендови за храна во светот. Последното нешто кое е актуелно е кафе во корнет.

Овој тренд почна некаде во месец мај но последниве неколку недели стана вистински хит. Луѓето постојано ставааат фотографии од нивното дневно кафе кои изгледаат неодоливо.

“Виновникот” за овој тренд е компанијата од Јоханесбург Јужна Африка “The Grind Coffee Company” која го измисли како своевиден потпис на нивниот пијалак. Мало лате во чоколадиран корнет со крем чиј вкус е неодолив во текот на пиењето.

Сервирано на овој начин, ќе ги натера дури и оние кои не пијат кафе да пробаат барем една голтка. Хаштагот на Инстаграм има повеќе од 1.500 постови и секојдневно оваа бројка се зголемува.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР