Торино и официјално го назначи Морено Лонго за нов тренер на сениорската екипа и човек кој ќе ја презеде клупата по отказот на Валтер Мацари.
Новиот менаџер на екипата веќе беше претставен а Торино деталите околу договорот ги објави на својата интернет страница.
Лонго веќе вршеше тренерска должност во овој клуб но работеше како помошник и тренер на младинскиот тим. Потоа беше предводник на Про Верчели и Фросинон, а сега ќе се врати во матичниот клуб.
Торино игра катастрофално во 2020 година и по 22 кола се наоѓа на 12-то место со 27 освоени бода.
You must be logged in to post a comment Login