Методологијата е за предвидливост на процесот

По објавата на т.н. нова методологија за пристапни преговори со ЕУ која ја објави денес Европската комисија се огласи и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија – Никола Димитров.

Ги поздравуваме напорите на Европската комисија за подобрување на пристапниот процес. Новата методологија придонесува за зајакната политичка димензија но исто така и за повеќе динамизам – предвидливост и кредибилитет на процесот. – вели министер за надворешни работи Никола Димитров по објавувањето на принципите на новата методологија од страна на Европската комисија.

Во продолжение на реакцијата на Димитров се вели:

Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: отворање на преговорите заедно во усовршен процес. Ние во регионот немаме од што да се плашиме од воведувањето на реверзибилноста.

Најпосле пристапниот процес постои да ги трансформира реалностите на теренот кон подобро. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион. – наведува министерот Димитров.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР