Младите на Ливерпул се пласираа понатаму во ФА Купот

Младиот состав на Ливерпул успеа во задачата и минимално со 1 : 0 го елиминираше Шроусбери Таун по изненадувачкото реми на гости и обезбеди дуел со Челзи во следната рунда од ФА Купот.

Иако на мечот немаше ниту еден првотимец и од клупата го водеше Кричли тие доминираа и дојдоа до посакуваниот триумф.

Со најмлад капитен во историјата и состав во просек од 19 години Ливерпул успеа јуначки да се пласира во наредната фаза на ФА Купот. Доволно беше едно невнимание во вториот дел кое се претвори во “златен гол” за младиот состав кој вторпат игра заедно по оној настап на дуелот против Астон Вила во Карабао Купот.

Првиот дел беше мирен без многу шанси за гол а Ливерпул имаше неколку обиди кои не го загрозија противничкиот гол. Гостите беа целосно инфериорни и ниту еднаш не шутнаа кон голот на Келехер.

Веќе по паузата практично од единствената шанса Шон Вајли погоди за изненадувачко водство на “Енфилд” и огромна радост. Сепак по преглед на ВАР снимките судијата го поништи поради офсајд.

Посакуваниот погодок во мрежата на Шроусбери дојде во 75-тата минута кога по една нафрлена топка во обид да расчисти Вилијамс го лобуваше сопствениот голман. До крајот гостите немаа сили да го изненадат Ливерпул кој се радуваше на пласман во осминафиналето.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР