Нова методологија на ЕУ за во иднина – дали ќе важи и за Северна Македонија?

Лидерите од западниот Балкан ќе мора да испорачаат поголема кредибилност во имплемeнтацијата на владеењето на правото – борбата против корупцијата – економијиата и обезбедување на добро функционирање на демократските институции и јавната администрација – но и усогласување на надворшената политика – предвидува Европската комисија во нацрт верзијата на методологијата.

Европската унија од своја страна пак ќе треба да испорача непоколоблива посветеност на процес заснован врз заслуги поточно кога некоја земја ќе ги исполни критериумите земјите членки треба да дадат согласност таа да продолжи во следната фаза.

Во деталите како ќе се евалуираат реформите е наведено дека Европската комисија ќе објавува годишни извештаи за напредокот на земјите со вклучени предлози за корективни мерки. Предвидено е и земјите членки да вршат мониторинг на земјите со свои експерти но и преку директно вклученост во годишните извештаи и преку секторска експертиза.

Методологијата воведува новина на делење на постојните поглавја во шест тематки кластери од кои првиот за фундаменталните права во кои спаѓаат правосудството – владеењето на правото – човековите права ќе се отвори прво а ќе се затвори последно.

Новина е и што кластерите нема да се отвораат доколку сите поглавја кои се вклучени во него не ги сиполниле зададените одредници.

Методологијата пердвидува и награди и казни за земјите во зависност од сработеното во реформите. Комисијата предвидува за да земјите ги исполнат зацртаните одредници дека тие мора да бидат јасни т.е. прецизни во тоа што се бара од земјата. Комисијата предвидува појасно дефинирање на условите за земјите кандидати за прогрес кои ќе се објавуваат во годишниот извештај а кои мора да бидат јасно дефинирани – прецизни – стриктни и верификувани.

Предвидено е суспендирање во преговорите доколку се утврди дека нема напредок или има назадување во реформите.

Ваква одлука може да донесе Комисија која мора да биде обајвена во годишниот извештај од страна Комисијата. Во сериозни случаи Комисијата може да даде свој предлог или на уредно мотивирани барања  од земји члнеки за да се обезбеди брз одговор на дадена ситуација преку сиплифицирање на процедурите за што ќе треба да се гласа во Советот.

За постигнат напредок земјите ќе се наградуваат финански и со забрзан интеграција во поглавјата.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР