Од коронаворус досега починаа 492 лица а 24.500 се заразени

Од крајот на декември досега од коронавирусот починале 492 лица додека повеќе од 24.500 се заразени соопштија здравствените власти.

Болеста се прошири во повеќе од 25 држави ширум светот а најмногу случаи има регистрирано во Кина пред се во провинцијата Хубеи во која и вуросот се појави.

Последните случаи на вирусот се откриени на крузер што пристигнал од Јапонија во кој се откриени 10 случаи на заразени заради што сите 3.700 патници и членови на екипажот на бродот се задржани во карантин каде ќе останат најмалку две недели.

Најмногу заразени но и смртни случаи се забележени во Вухан градот во кој досега починаа 362 лица а заразени се 8.351.

Многу земји организираа евакуација на своите граѓани од Кина а Велика Британија на сите свои граѓани им нареди да ја напуштат оваа земја не прецизирајќи на кој начин тоа да го изведат нити понуди конкретна помош.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека утре ќе испрати уште два авиона за евакуација на свои државјани додавајќи дека потоа нема план за испраќање дополнителни авиони за евакуација.

Епидемијата на коронавирусот изби кон крајот на декември минатата година а претпоставка е дека вирусот се појавил кај животни пред се кај лилјаци.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР