Отворен е патот за пристапни преговори со Северна Македонија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека има добра порака за пријателите од Западен Балкан во врска со процесот на проширување на Европската унија.

Таа вели дека со новиот план за преговарачкиот процес кој денес го презентира еврокомесарот Оливер Вархеји се отвора патот за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

Денес Европската комисија предлага кредибилен и динамичен план поплочувајќи го патот за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Проширувањето на ЕУ е вин-вин ситуацијa. – твитна Фон дер Лајен.

Eврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го презентира извештајот за ревидираната методологија за преговори пред новинарите и пред европратениците.

Документот содржи четири столбови: кредибилитет – политичко управување – динамичност и предвидливост односно условеност.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР