Подолго породилно отсуство за татковците во Финска

Финската влада предводена од најмладата премиерка во светот 34 годишната Сана Марин планира измени на законите кои би ја удвоиле должината на платеното породилно отсуство за новите татковци.

Овие одредби би овозможиле и татковците и мајките да имаат подеднакво право на платено породилно отсуство. – соопштија денеска властите во Хелсинки.

Новата влада од левиот центар составена од коалиција од пет парламентарни партии на чие чело се жени планира двојно да го зголеми платеното породилното отсуство за татковците за нивното прво дете. Со тоа отсуството ќе се зголеми на седум месеци колку што е предвидено и за мајките.

Половина од тоа време може да се пренесе на другиот родител.

На бремените жени дополнително ќе им биде дозволено породилно отсуство од еден месец непосредно пред предвидениот термин за породување.

Министерката за здравство и социјала Аино Каиса Пеконен објасни дека целта на овие радикални реформи е да се подобри половата еднаквост и да се зголеми стапката на наталитет.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР