Поплави во Германија и Австрија

Југот и југозападниот дел на Германија како и големи делови од Австрија беа погодени од поројни врнежи од дожд што предизвикаа излевање на реки како и сообраќаен метеж на патиштата и железничките пруги.

Во сојузната држава Сар автопатот Сарбрикен е делумно затворен додека во Триер е поплавен центарот на градот.

Има закана од поплави во познатиот регион на вино Мосел бидејќи нивото на реката Мосел е еден метар под критичното ниво.

На автопатот А8 кај Улм се случија серија сообраќајни несреќи а во Баварија урагански ветар предизвика застој во сообраќајот.

Во Австрија над 11.000 домаќинства останаа без струја поради оштетени високонапонски врски. Многу патишта особено во погранична област кон Германија се затворени поради излевање на реки.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР