Фантастични партии на Харден и Леброн

Хјустон ја запиша третата победа во низа откако го совлада Шарлот на гостински терен со 125 : 110. Џејмс Харден беше прво име во редовите на Рокетси кој постигна 40 поени 12 асистенции и девет скока.

Со скор од 32 : 18 Хјустон е на петото место во Западната конференција каде лидерот ЛА Лејкерс дојде до новата победа. Леброн Џејмс и неговото друштво беа подобри од Сан Антонио со 129 : 102.

“Кралот” беше незапирлив постигна 36 поени додаде уште девет асистенции и седум скока. Во редовите на Спарси ДеРозан имаше 28 поени.

Тимот од ЛА со скор од 38 : 11 и натаму го држи првото место во Западот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР