Фудбалер на Барса наместо на четвртфинале ќе мора на суд

Францускиот дефанзивец во Барселона Самуел Умтити можно е да го пропушти утрешниот четвртфинален меч во Копа дел Реј со Атлетик Билбао од бизарна причина зашто има закажано рочиште на суд во кое е во улога на обвинет.

Умтити се обидува да го одложи судењето закажано на денот на мечот но засега сето тоа е неуспешно а последен обид ќе има денеска кога треба да биде познато дали судот ќе му излезе во пресрет или ќе мора да се појави на рочиштето.

Но, причината е уште побизарна зашто е обвинет за уништување на базен – паркет и тапети во куќата во која живеел под кирија.

Сопственикот на куќата бара отштета од 183 илјади евра за оштетување на имот. Умтити откако дојде Кике Сетиен на клупата се врати во првиот тим на местото на сонародникот Клемен Ленгле па сега тренерот на Каталонците е во проблем ако својот првотимец го нема на располагање за пресметката со Баскијците.

Умтити може да се најде во сериозен проблем ако не се појави на суд а шпанските медиуми објавија дека грешката ја направиле адвокатите на фудбалерот кои доцна поднеле барање за одложување на рочиштето.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР