Црвен метео аларм за Црна Гора – во Србија намалени температури

Европската мрежа на метеоролошки станици за денес објави црвен метео аларм на подрачјето на јужна и централна Црна Гора каде се очекуваат екстремни временски непогоди.

Црвениот аларм е објавен поради многу силни ветрови кои се очекуваат во поголемиот дел на Црна Гора.

Прогнозираните опасни временски појави се јавуваат исклучително ретко а таквиот интензитет може да предизвика голема материјална штета и претставува опасност за луѓето и животните.

Најавеното невреме – дожд и силен ветер пристигнаа во Србија првично во Војводина од каде ќе се прошири и во останатите делови од земјата а од денес се очекува големо намалување на температурите кои во некои места ќе достигнат дури разлика од 15 степени во однос на претходните денови.

Републичкиот хидрометеоролошки завод во Белград издаде предупредување дека во текот на ноќта и денес ќе биде многу студено и ветровито со повремено создавање на снежна покривка од пет до 20 сантиметри во централните и јужните делови на Србија.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР