Во лавините во Турција загинаа најмалку 38 лица

Во двете лавини во источниот дел на Турција загинаа најмалку 38 луѓе. Поголемиот дел од нив настрадаа во синоќешната лавина спасувајќи ги жртвите од вчерашната лавина.

Турската управа за помош при катастрофи соопшти дека 33 лица загинале додека се обидувале да ги спасат жртвите од вчерашната лавина во која животот го изгубија пет лица. Со тоа смртниот биланс од двете лавини се зголеми на 38 лица.

Околу 300 припадници на итната служба се повикани да интервенираат во близина на градот Бачесехир кој е опкружен со планини а се наоѓа во провинцијата Ван во близина на границата со Иран.

Вчера околу пладне втора лавина падна врз спасувачите а властите соопштија дека од снегот на стрмната падина биле извлечени безживотните тела на најмалку 33 спасувачи.

Се стравува дека по денешниот инцидент под снегот се затрупани околу 50 луѓе. Потрагата и спасувачката операција продолжува па бројот на загинати и повредени би можел да се зголеми.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР