Кина ја заврши втората болница за заразени од коронавирусот

Кина ја заврши изградбата и на втората болница во Вухан за изолација и лекување на пациенти од коронавирусот од кој досега починаа повеќе од 560 луѓе.

Се очекува наскоро да почне тестирање на новиот антивирусен лек врз прва група пациенти.

Луѓето со полесни симптоми се префрлени во импровизирани болници во спортски центри – изложбени сали и други јавни простори.

Здравствениот систем во градот Вухан каде првпат беше откриена епидемијата во декември минатата година е “окупиран” од илјадници заболени.

Новата болница со 1.500 кревети специјално изградена за пациенти кои се заразени со коронавирус е отворена неколку дена откако болницата со 1.000 кревети со монтажни одделенија и простории за карантин почна да прима пациенти.

Вухан има уште 132 места за карантин со повеќе од 12.500 кревети.

Кинеските здравствени власти пријавија 563 смртни случаи и 28.018 заразени лица.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР