Крадци украле воени возила тешки 7 тони

Шведската полиција соопшти дека се украдени две воени возила тешки речиси 7 тони од воено складиште северозападно од Стокхолм.

Во возилата високи 2.8 метри и долги 5.32 метри немало оружје – муниција или експлозиви.

Се верува дека кражбата на возила од базата Енкопинг на 70 километри од шведската престолнина се случила ноќта помеѓу вторникот и средата. Од шведската полиција само накратко порачаа дека во тек е голема полициска истрага во врска со кражбата.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР