Османи и Димитров во Загреб на средби со Пренковиќ и Грлиќ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денес ќе престојуваат во работна посета на Република Хрватска која е актуелен претседавач со Советот на Европската Унија.

Како што соопшти СЕП во рамките на посетата се предвидени средби на Османи и Димитров со премиерот Андреј Пленковиќ – министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман – претседателот на Комисијата за надворешна политика на хрватскиот Сабор Миро Ковач и со претседателот на Комисијата за европски прашања Домагој Иван Милошевиќ.

Посетата се реализира во период на засилен ангажман во пресрет на дискусиите помеѓу земјите членки на ЕУ за ажурираната методологија за водење на пристапните преговори и одлуката за нивен почеток.

Османи и Димитров ќе ги искористат средбите за да ја изразат силната посветеност на нашата земја кон европските реформи и потребата од донесување позитивна одлука за почеток на пристапните преговори што поскоро – стои во соопштението.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР