Пендаровски се сретна со Генерал Мојсиловиќ

Претседателот Стево Пендаровски дене го прими генерал началникот на Генералштабот на војската на Србија Милан Мојсиловиќ со кој размениле мислења за севкупната соработка меѓу двете држави во сферата на одбраната преку отворен и конструктивен дијалог.

Претседателот Пендаровски како што соопшти неговиот кабинет ја поздравил соработката меѓу армиите на двете држави и учеството во заеднички регионални иницијативи и изразил очекување дека соработката ќе продолжи во иднина во интерес на двете пријателски држави.

На средбата тој посочил и дека членството во НАТО е една од главните стратешки цели на Република Северна Македонија од прогласувањето на независноста и оценил дека тоа ќе придонесе за долгорочната стабилност и безбедност на регионот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР