Политичка криза во Словенија

Продолжуваат консултациите на парламентарните партии за тоа како да се излезе од политичката криза во Словенија која настана по оставката на премиерот Марјан Шарец.

Како и минатите два дена така и денеска кај претседателот Борут Пахор продолжија разговорите овој пат со помалите партии со цел да се донесе одлука дали земјата ќе оди на предвремени парламентарни избори или ќе се формира ново парламентарно мнозинство а со тоа и нова влада.

Попладнево кај Пахор беа лидерите на партиите Словенечка национална партија (СНС) – Партија на Аленка Братушек (САБ) – Словенечка демократска партија (СДС) и Демократска партија на пензионерите во Словенија (ДеСУС).

Маша Коципер од САБ по средбата со Пахор изјави дека тие се залагаат за формирање на преодна или техничка влада која ќе има задача да го промени изборното законодавство. Дел од другите партии се за предвремени избори а дел сакаат да почекаат и да видат дали е можно формирање на ново парламентарно мнозинство.

Што се однесува до двете најголеми партии тие веќе го кажаа својот став. Од Листа Маријан Шарец (ЛМШ) на доскорешниот премиер Шарец сметаат дека излез од политичката криза ќе донесат само предвремени избори додека опозициската СДС на Јанез Јанша смета дека тие се во можност да направат нова коалиција и да обезбедат доволен број пратеници за составување нова влада.

За нови избори се изјаснија и од партијата Левица.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР