Почина легендарниот актер Кирк Даглас

Познатиот актер Кирк Даглас почина во 103-та година од животот а информацијата ја соопшти неговиот син актерот Мајкл Даглас.

Веста за смртта Даглас помладиот ја потврди за списанието “Пипл” пренесоа британските медиуми.

Со огромна тага јас и моите браќа соопштуваме дека Кирк Даглас не напушти. – наведе Мајкл.

За светот беше легенда – актер од златната ера на филмот кој и самиот доживеа златни години – хуманитарец чија посветеност кон правдата и принципите во кои веруваше на сите им станаа стандарди кон кои треба да тежнееме. – додаде Мајкл Даглас.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР