По 40 години АББА ќе снима нови песни

По скоро 40 години една од најдобрите светски поп групи АББА ќе снима нови песни.

Во видеото што го сподели фан страницата ABBA Talk еден од членовите на популарниот квартет Бени Андресон одговора на прашањето што се случува со песните што ветиле дека ќе ги снимат во 2018 година.

Доаѓаат. Песните ќе бидат готови оваа година. Претпоставувам по летото.

Не треба да се ветува ништо но ако јас решавам сам тоа би било септември. Не можам сам да донесам одлука но тоа е месецот кон кој целиме. – рекол Бени.

Пред речиси две години Бени Андерсон – Бјорн Улвеус – Агнета Фелтског и Ани Фрид Лингстад соопштија дека снимиле две нови песни – I Still Have Faith in You и Don’t Shut Me Down кои ќе бидат дел од проектот Аватар турнеја.

Тие во тоа време изјавија: Одлуката да се оди напред со возбудливиот проект – турнеја на аватарите во АББА – имаше позитивни последици. Сите четворици сметавме дека по 35 години би било забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во студио за снимање.

Инаку шведскиот бенд имаше девет број еден хитови во Велика Британија помеѓу 1974 и 1980 година и продаде стотици милиони албуми во целиот свет. Фановите повеќе од 3 децении чекаат нови песни од бендот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР