Првиот човек на ФБИ на распит во Конгресот

Во Комитетот за правда на Претставничкиот дом денеска на распит е Кристофер Реј директор на Федералното биро за истраги [ФБИ].

Сослушувањето е поврзано со извештајот објавен лани во декември од Мајкл Хоровиц генерален инспектор на Министерство за правда во кој се откриваат детали за истрагите на ФБИ за врските на изборниот штаб на Доналд Трамп со Русија.

Во извештајот меѓудругото се допира и фактот за тајното следење на Кертер Пејџ од агенти на ФБИ. Пејџ е поранешен советник на изборниот штаб на Трамп.

На сослушувањето Реј изјави дека следењето на Пејџ било Ќнеприфатливо”. Тој изутринава беше на сослушување и во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР