Путин ги опомена фармацевтите

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на фармацевтите дека ќе им бидат одземени работните дозволи доколку во екот на паниката поради коронавирусот ги зголемат цените за заштитните маски.

Русија која ги пријави првите два случаја на коронавирус минатата недела веднаш ги врати своите туристи од кинескиот град Вухан епицентарот на епидемијата назад во матичната земја.

Путин исто така издаде мерка со која се ограничува преминувањето на 4.300 километри долгата граница меѓу Русија и Кина.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР