Роналдо за 35-тиот роденден од девојката доби џип

Кристијано Роналдо вчера наполни 35 години и влезе во втората половина од четвртата деценија од животот.

Или како што веќе навикнавме во изминативе неколку сезони 5-ти февруари е ден кога дури три големи ѕвезди добиваат милиони пораки и честитки на социјалните мрежи.

Кристијано одлучи да посети еден елитен ресторан во Торино заедно со својата поубава половина. Сепак Георгина се погрижи неговиот 35-ти роденден да не мине баш обично бидејќи го почести својот сакан со скап Мерцедес џип а во изведувањето на изненадувањето доби помош и од блиските пријатели на Роналдо.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР