САД со санкции за бугарски судија вмешан во корупција

САД воведоа санкции за Андон Миталов судија од Бугарија за кој Стејт департментот соопшти дека е вмешан во “значајна” корупција во оваа балканска држава.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео рече дека бугарскиот судија од Кривичниот суд Андон Миталов е ставен на црната листа поради неговата вмешаност во “коруптивни активности кои што го поткопуваат владеењето на правото и сериозно ја нарушуваат независноста на демократските институции во Бугарија”.

Во изјавата се додава дека за сопругата на Миталов – Корнелија Стојкова Миталова и за неговата ќерка Гергана Миталова се воведени посебни мерки за забранет влез во САД.

Ова е прва ваква мерка во Бугарија и ја потврдува посветеноста на САД во борбата против корупцијата во Бугарија и глобално. САД продолжува да биде со луѓето во Бугарија во нивната борба против корупцијата. – наведува Помпео во соопштението.

Потегот на Помпео следува откако бугарскиот претседател Румен Радев рече дека и официјално нема доверба во бугарската влада под водство на премиерот Бојко Борисов која не успеала да се справи со корупцијата.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР