Претседателот на САД Доналд Трамп го преживеа клучното гласање во Сенатот на САД во рамките на судењето за негово отповикување.
Трамп е ослободен и по двете обвиненија поведени против него. Првото за злоупотреба на претседателската власт а второто за попречување на работата на Конгресот. За првата точка 52 сенатори гласаа дека “не е виновен” а 48 гласаа “виновен” – за втората соодносот беше 53 : 37.
За смената од функцијата беше потребно двотретинско мнозинство гласови. Исходот од гласањето беше очекуван зашто републиканците, од чии редови е Трамп имаат мнозинство во Сенатот со 53 мандати – демократите се со 45 места a двајца сенатори се независни.
Со гласањето Трамп практично ќе успее да го заврши четиригодишниот мандат кој го започна во јануари 2017 година. Тој е третиот претседател во историјата на САД кому му се судело во Сенатот по Ендру Џонсон и Бил Клинтон – кои исто така го “преживеаја” судењето.
You must be logged in to post a comment Login