Студено со снег и силен ветер

Во Северна Македонија претпладне на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица.

Преку денот ќе дува повремено силен ветер со јачина од 60 до 80 км/час кој ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до 1 а дневната од минус 7 до 5 степени.

Во Скопје облачно – студено и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до минус 2 а дневната ќе достигне до 2 степени.

И за викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време по што од недела се очекува постепено затоплување.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР