Тројца починати и 180 повредени во авионската несреќа во Истанбул

Три лица починаа по несреќата на аеродромот “Сабиха Гокчен” во Истанбул што се случи синоќа. Турските медиуми јавија дека 180 луѓе се повредени.

Авионот на “Пегасус ерлајнс” полетал од Измир а несреќата се случила при слетување на аеродромот во Истанбул. Авионот се излизгал од пистата и се преполовил.

Според првичните информации во несреќата немаше жртви но тројца повредени им подлегнале на повредите во болница.

Во авионот имало 177 патници и шест членови на екипажот.

Обвинителството во Анкара отвори истрага за несреќата. Аеродромот “Сабиха Гокчен” е затворен за сообраќај а летовите се пренасочени кон новиот аеродром во Истанбул.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР