Федерер ќе игра во двојка со Бил Гејтс на хуманитарниот меч

Швајцарецот Роџер Федерер ќе организира хуманитарен меч во Кептаун – Јужна Африка.

Картите за овој меч веќе се распродадени и се очекува приход од над еден милион долари кои преку хуманитарниот фонд на Федерер ќе бидат дадени за потребите на образованието на децата од Африка и од Швајцарија.

Јужна Африка не е случајно одбрана бидејќи тука е родена мајката на Федерер кој во детството секоја година минувал по два месеци во Јужна Африка.

Мечот е планирано да се игра во двојки. Федерер ќе игра заедно со милијардерот Бил Гејтс а против нив ќе настапат Рафаел Надал и комичарот Тревор Ноа.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР