Земјотресот со јачина од 6.3 степени по Рихтер кој ја погоди Албанија во ноември направи штета која е проценета на дури 1.1 милијарда долари а усмрти и 51 лице и 17 илјади луѓе остави без покрив над главата.
Извештајот за проценката кој е денес претставен а кој го направија меѓународни експерти од ЕУ – Светска банка и Обединетите нации ќе биде клучен за меѓународната конференција која ќе се одржи на 17-ти февруари во Брисел.
Албанскиот министер Бледи Чучи изјави дека штетата од земјотресот е проценета на 985 милиони евра односно 1.1 милијарди долари а за реконструкција се потребни околу 1.1 милијарди евра.
Во земјотресот биле оштетени 83 илјади згради – унишени се над 11 илјади а вкупно се погодени 200 илјади лица во Драч – Тирана и околните помали населени места.
You must be logged in to post a comment Login