18.000 административци ќе добијат К-15

Околу 18 илјади вработени во државната администрација до крајот на оваа година ќе добијат годишен регрес или К-15.

Иако Владата говореше дека администрацијата е преполна и непходно е да се  реформира вицепремиерката Мила Царовска не гледа ништо спорно административците да добијат К-15. Според неа ова ќе биде мотив вработените да бидат попродуктивни

Сметам дека не смееме да девалвираме ниту еден работник во државата бидејќи имаме мал човечки потенцијал кој треба да биде употребен во развој на државата. Како вицепремиер ќе настојувам постојано да го поддржувам работниците кои се продуктивни и да обезбедиме можности сите плати во државата да растат. – изјави Царовска.

Исплатата на К-15 за потребите на администрацијата нема негативно да се одрази врз државната каса тврдат од министрството за финансии.

Владината одлука за доделување на регрес ќе се однесува за  вработените во судовите – јавното обвинителство – затворите – вработените во фондовите – државно правобранителство и единиците на локална самоуправа.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР