Облачно со сончеви периоди

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 3 Целзиусови степени – Маврово 2 – Охрид 4 – Битола 3 – Крива Паланка 1 – Берово 0 – Кавадарци 5 – Дојран 7.

Утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен по Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат повисоки од денешните. Скопје 7 – Маврово 0 – Охрид – Битола и Кавадарци 5 – Крива Паланка 3 – Берово 4 – Дојран 7 степени.

За во недела прогнозата е сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен северен ветер и дневни температури од 2 до 9 степени.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР