Орбан повторно да формира влада

Романскиот претседател Клаус Јоханис побара од премиерот во заминување Лудовик Орбан да формира нова влада чиј главен политички субјект би била Либералната партија.

Според дел од медиумите овој потег на Јоханес е дел од планот договорен со Орбан за да ги распише изборите шест месеци порано со цел да ја искористи зголемената популарност на Либералите и да ја консолидира моќта на партијата во текот на следните четири години.

Јоханис јасно ставил до знаење дека негов избор е само Орбан знаејќи дека пратениците ќе го отфрлат и дека парламентот ќе се распушти.

Романскиот Парламент изгласа недоверба на централистичката малцинска влада на премиерот Лудовик Орбан.

Како што реков претходно предвремени избори се мојата прва опција и мислам дека е вистинскиот избор. Одлучив да го замолам Лудовик Орбан да формира нов кабинет. – рече Јоханис по консултациите со парламентарните политички групи.

Според романскиот закон предвремени избори се одржуваат во рок од 60 дена ако пратениците двапати го одбијат предлогот за премиер.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР