Тројца македонски државјани задржани на брод во Јапонија поради коронавирусот

Коронавирусот зароби македонски државјани на брод кој сега е претворен во карантин на вода во Јапонија.

Информациите за македонската јавност ги потврдија од МНР. Повеќе детали чекаат од нивните колеги од Јапонија. Се уште не е познато што правеле македонските државјани на бродот ниту дали некој контактирал со нивните семејства.

Според последните информации добиени од Министерството за надворешни работи на Јапонија потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама.

Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот. Досега се потврдени 20 лица на бродот кај кои е пронајден овој вирус. – велат од МВР.

Властите во Македонија ја следат состојбата со заразата која е глобална опасност. Термо камерите на скопскиот аеродром скенираат патници кои имале транзитна поврзаност со ризичните региони.

Кинески работници кои редовно патуваат на релација Кина – Македонија ќе поминат две недели во карантин таму пред да се вратат да работат во земјава. Токму во Кина има најмногу болни – над 28 илјади луѓе. Вирусот во светски рамки досега одзема 565 животи.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР