Три дечиња загинаа во експлозијата во с. Романовце

Во семејна куќа во кумановското село Романовце утрово експлодирала плинска боца, по што, неофицијално, загинале три деца, а шест лица се тешко повредени.

Несреќата се случила околу 10 часот, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството.

Трите дечиња што загинаа имале осум, девет и 11 години.

Според сознанијата, двете дечиња кои се помали, од осум и девет години, имале исти презимиња, додека третото детенце најверојатно им било братучетче, бидејќи тие всушност биле деца на две ќерки кои во куќата каде што експлодирала плинска боца, биле на гости кај своите родители.

Случајот го потврди кумановската полиција. Во меѓувреме, болницата во Куманово соопшти дека 6 лица со сериозни изгореници, поради сериозноста на раните, биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Во моментов обвинител и полициски тим вршат увид на лице место.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР