Aлapмaнтнa е состојбата со Преспанското езеро, се отвори пoнopoт „Казан“

Вистинска еколошка катастрофа се случува во Преспанското езеро, откако дното на езерото во својата најдлабока точка пресуши.

Понорот „Казан“ е место каде што Преспанското езеро се одлева, а оттаму под Галичица се влева во Охридското езеро. Во нормални услови овој понор би бил од 50 до 70 метри под вода. Впрочем, оваа точка во Преспанското езеро е и најдлабоката точка.

Преспанското езеро е доведено до оваа состојба благодарение на незаинтересираноста на државата да го спречи неконтролираното испумпување на водата во соседна Албанија и Грција, каде тамошните земјоделци ги полеваат сопствените ниви.

Дополнителен проблем, велат познавачите е злоупотребата на водата од Охридското езеро која преку браната во Струга се испушта во Црн Дрим а потоа во Албанија оваа вода се користи за производство на електрична енергија во приватни хидроцентрали. Повлекувањето на вода од Охридското езеро, неминовно повлекува вода и од Преспанското.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР