Во Кина заразени над 3.000 медицински лица со корона вирус

Над 3.000 медицински работници во Кина се заразени со коронавирусот што се појави во земјата минатиот декември, изјави денеска официјалниот претставник на кинеската Национална здравствена комисија, Лианг Вангјанг.

Тој на заедничката прес-конференција со шефот на делегацијата на Светската здравствена организација во Кина, Брус Ајлворт, рече дека инфекциите се регистрирани претежно во провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата во која досега починаа речиси 2.600 луѓе.

Според него, болеста кај медицинскиот персонал најверојатно е предизвикана од недостиг на заштитна опрема, пренесува „Ројтерс“.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР