Гвардиола: Му се восхитувам на Реал

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола побара од своите играчи за покажат карактер пред утрешниот дуел со Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Гвардиола имаше само пофални зборови за Реал Мадрид, но напомена дека целта на неговиот тим е да го освои трофејот во Лигата на шампиони.

Овој клуб ме воодушевил многу пати. Играчите кои играат за Реал многу пати биле во финалето на Лигата на шампионите, и не знам колку пати секој од нив го подигнал овој трофеј. Кај нас, можеби Клаудио Браво го освои овој турнир и уште некој друг. Нема многу играчи во Сити кои ја освоија ЛШ. Мора да бидеме на високо ниво против Реал Мадрид. Ова е вистински тест за нас, изјави Гвардиола.



Треба да покажеме карактер, нашата цел е да се бориме за трофејот. Реал Мадрид исто така има големи амбиции во овој турнир, но ако го сакаме трофејот мораме да ги победиме најдобрите, заклучи Пеп.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР