4 човечки постапки што ги збунуваат кучињата

Кучињата се животни кои се најпослушни миленичиња и лесно се адаптираат на различни услови и околини.

Можеби постојат некои начини на однесувања на кучињата што се необични за нас, но луѓето исто така можат да ги збунат кучињата.

Ако имате куче, знаете дека овие животни се верни и посветени. Тие нè следат и учествуваат во разни активности со нас, но сепак има некои сегменти од нашите животи кои им се несфатливи.

Ги оставаме сами

Мора да ви се случило вашиот четириножен пријател да не сака да ве пушти да одите на работа или да излезете и да сака да дојде со вас.

Тоа е затоа што кучињата се по природа животни кои функционираат во група и секојпат кога ќе заминете, тие мислат дека ги напуштате.

По некое време се навикнуваат на тоа дека ќе се вратите, но тоа не значи дека нема да го гледаат прозорецот цел ден, чекајќи ве.

Го менуваме изгледот и мирисот

Кога ќе се вратите дома вашето куче ја наведнува главата како да ве гледа за првпат во неговиот живот, или како нешто да не е во ред со вас. О

ва може да се должи на новата облека што сте ја купиле или мирисите што сте ги собрале од ресторанот каде сте јаделе.

Кучињата препознаваат мириси и секоја промена во козметиката може да ги збуни.

Сакаме да се гушкаме

Луѓето ги користат своите раце на сосема поинаков начин од тоа како кучињата ги користат предните нозе и шепи. Ние сакаме да се гушкаме за да покажеме љубов, а кучињата со предните шепи генерално фаќаат нешто за да покажат доминација.

Ова значи дека нашиот обид за прегрнување може да се смета како демонстрација на сила, барем на почетокот.

Не сакаме каснувања

Она што сметаме дека е агресија, како касање, е генерално нормално во светот на кучињата. Каснувањето е дел од играта и покажува интимност. Кучињата може да ги збуни кога нивниот сопственик бурно реагира, додека тие само сакаат да ја покажат својата љубов.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР