Денеска сончево со температури до 19 степени

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура од 12 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 14 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 13 степени, Охрид 15, Битола 16, Крива Паланка 15, Берово 16, Кавадарци 17, Дојран 19.

И утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Под влијание на влажен бран утре кон крајот на денот и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Ќе дува засилен ветер во среда од југозападен, а во четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР