ПАТНИКОТ КОЈ ОД МИЛАНО СЛЕТА ВО СКОПЈЕ НЕМА КОРОНАВИРУС

Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое вчера со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот бил ставен во изолација, информираат од Министерството за здравство.

Од вчера Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР