Денеска сонце, од утре дожд и пад на температурите

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува над 70 км/час. Кон крајот на денот ќе настапи наоблачување, во западните делови со врнежи од дожд.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 12, Крива Паланка 17, Берово 15, Кавадарци 20, Битола 19, Охрид 15, Дојран 21.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 5 до 13 степени.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР