Патничката која патувала од Милано, нема корона вирус

Ниту третoто лице кое синоќа околу 22 часот дошло на Клиниката за инфективни болести, не е заболено од коронавирусот, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Доцна синоќа, патничка која во понеделникот се вратила од Милано во Скопје со авионот на компанијата „Визер“, дошла на тестирање на Инфективна клиника.

„Резултатите на пациентката која беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни. Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста“, објави доцна синоќа министерот Филипче на неговиот профил на Фејсбук.

Од понеделникот до сега, три лица се јавија на Инфективната клиника за да направат тестирања дали се заразени од коронавирусот бидејќи патувале во Италија, односно во Дубаи, и почувствувале одредени симптоми на болеста. Разултатите покажале дека сите имале обичен грип.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР