Два нови случаи на коронавирус во Грција

Во Грција во изминатите 24 часа потврдени се два нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени изнесува три лица, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

Во едниот од случаите се работи за роднина на 38-годишната жена од Солун, која во текот на вчерашниот ден беше првиот потврден случај во Грција. Таа допатувала од Милано во северна Италија, епицентарот на појавата на коронавирус во Европа.

Третиот пријавен случај е во Атина, и станува збор за жена која исто така допатувала од северна Италија.

Со одлука на надлежните, се откажува традиционалниот карневал во крајбрежниот град Патра што беше закажан за 1. март.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР