Фудбалер од Италија со коронавирус

Еден од фудбалерите од Италијанската Серија Ц е заразен со коронавирус. Се работи за 22-годишниот играч на Пјанезе – еден од клубовите од провинцијата Сиена.

Фудбалерот го напушти теренот минатата недела поради температура и чувство на општа слабост. После тоа, за своја но и туѓа безбедност, тој одлучи да се изолира.

Набрзо потоа, играчот бил тестиран и се покажало дека има коронавирус.

Играчот моментално се наоѓа во една од болниците од Италија, а здравствената состојба му е стабилна. Тој е само еден од 454те заразени во Италија.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР