Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина за кое поладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат резултатите од тестовите, е негативно на коронавирусот.
Од ресорното министерство нагласуваат дека лицето било подложено на тестирање во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Воедно додаваат дека ова е последното лице во земјата за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други пациенти кои се тестираат на коронавирус.
You must be logged in to post a comment Login