Хрватска, Данска и Норвешка – домаќини на Мундијалот во 2025 година

Хрватска ја доби довербата и заедно со Данска и Норвешка ќе го организираат Светското првенство во ракомет 2025 година.

Управниот одбор на ИХФ, денес едногласно ја потврди одлуката во Каиро. Земјата од поранешна Југославија по вторпат ја доби довербата и по добро одработената задача во 2009 година, ќе биде ко-домаќин на Мундијалот.

Освен Мундијалот во 2009, Хрватска беше организатор на Европските првенство во 2004 и 2018 година.

На Светскиот шампионат ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат респределени во осум групи, од кои четири ќе се играат во Хрватска, а по две во скандинавските земји. Мундијалот наредната година се игра во Египет, додека во 2023 година ќе се одржи во Шведска и Полска.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР